0 коментари 2 мин. читање 27 јануари, 2014

Како пожарникарите во Њујорк користат алгоритми да ги предвидат пожарите

Секоја година њујоршките пожарникари гасат по 3.000 пожари, и вршат инспекција на околу 1.000.000 објекти. Понекогаш е предоцна за инспекција, па за да го намали ризикот New York City Fire Department започна да користи алгоритам за анализа на кои згради се во најголема опасност од пожар. „Вообичаено објектите во населбите со пониски примање се со поголем ризик од пожар“, вели директор за аналитика вo NYFD, Џеф Чен за Big Data Innovation Summit во Лас Вегас.

Алгоритмот на пожарникарите зема во предвид 60 фактори кој влијаат на опасноста од пожар и според кои се распределени сите објекти кои се подложни на инспекции, пишува Wall Street Journal. Покрај стандардот на жителите, во факторите кои го покачуваат ризикот од пожар се старост на зградата, дали има проблеми со електричната мрежа, број на системи за автоматско гаснење или присуство на лифтови. Еден од најголемите ризици е доколку објектот е напуштен во овој случај ризикот од пожар се зголемува двојно.

Врз основа на шеесетина фактори на ризик секоја недела инспекторите за опасност од пожар од компјутерот добиваат приоритетна листа според ризикот од пожар. До пред воведување на алгоритмот во јули минатата година, објектите се проверуваа по случаен избор, со тоа што училиштата или градинките беа повисоко на листата на приоритети.

„Конечно, би требало да видиме како бројот на пожари се намалува и пожарите треба да бидат помалку сериозни“, вели Џеф Рот од Одделот за противпожарна заштита.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top