Enterprise Europe Network Македонија го најавува Go International – ICT Brokerage Event 2015, еднодневен меѓународен настан за вмрежување на фирми од областа на информационите технологии. Целта на настанот е претставување на потенцијалите на македонските ИКТ фирми и остварување контакти за деловна и технолошка соработка со компании од регионот. Go International – ICT Brokerage Event 2015 ќе се одржи на 13-ти ноември во Хотел Континентал Скопје. Бесплатниот настанот е во организација на Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Фондација претприемачки сервис за млади.
Настанот има фокус на компании и организации од секторот на информациско-комуникациските технологии кои се заинтересирани да ги презентираат своите производи и услуги, да остварат нови партнерства за соработка и да ги истражат можностите за проширување на нови пазари. Процесот на бизнис вмрежување се состои од неколку чекори: 1) Регистрација – секоја фирма пополнува онлајн форма и креира сопствен профил кој дава осврт на компанијата, производите и услугите кои ги нуди и каков тип на соработник има потреба; 2) Закажување состаноци – откако ќе добиете мејл дека процесот за закажување билатерални состаноци е отворен, секоја компанија ќе има можност да испрати директни барања за состанок со фирмите кои се регистрирани за учество; 3) Билатерални состаноци – неколку денови пред самиот настан секоја фирма добива личен распоред со состаноци.
Настанот е поддржан од страна на Министерството за економија и Централната европска иницијатива. Сите фирми кои имаат интерес да учествуваат треба да се регистрираат на сајтот http://goict.talkb2b.net/.







