0 коментари 2 мин. читање 5 август, 2015

ICANN има план како да го ослободи Интернетот од контролата на САД

Aгенцијата која е одговорна за имињата на интернет, ICANN, предложи план со кој контролата на Интернетот која ја има САД ќе биде намалена и ќе биде во рацете на меѓународната заедница. Документот детално ја објаснува организацијата и начинот на контрола со функциите на интернет, домените и IP-адресите.

За менаџмент со имињата на домените ќе биде креирано ново тело под контрола на ICANN, чија цел е да се обезбеди дека телото ги извршува своите обврски. Дополнително во иднина телото би можело да стане самостојно, јави The Next Web. IP адресите ќе останат како и досега под контрола на ICANN, со тоа што предвиден е договор со кој ќе се обезбеди дека секој од операторите ги исполнува своите обврски. Управувањето со DNS root зоната треба да биде променето од NTIA со тоа што нема да биде потребна дополнителна согласност за додавање во системот.

Целта на промените е да се обезбеди дека интернет нема да биде под контрола на ниту една влада или држава. Документот е во јавна расправа, а сите заинтересирани можат да ги испратат своите предлози до ICANN.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top