Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од Dark-1, заедно со Дајана Димовска Димовска од данското студио KnapNok Games, продолжуваат со својата одлична работа да ги популаризираат независните игри. По неколкуте инди-настани во Македонија, дечките стартуваат интернационален настан Alt Ctrl Game Jam на кој се поканети сите гејминг ентузијасти да развијат нов контролер.
„Ова го правиме за да ги мотивираме девелоперите како нас да направат нешто различно“, вели Кристијан. Идеја зад настанот е да се експериментира со контролерите, да се заменат конвенционалните тастатура, глувчето и џоистикот со нов вид на контролер за игри, или пак да се модификуваат старите за да се добие некој нов гејмплеј. Конечната цел е да се поттикне креативноста кај развивачите на игри за „да направат нешто уникатно, нешто досега невидено, да инспирираат иновација во гејмингот“.
„Земете самолеплива лента, лемелица, некој останат дел, и плоча за развивање (како Arduino), стари контролери што лежат негде затурени, и направете го најдобриот контролер за вашата игра. Ако не верувате дека може сами да направите контролер, можете да бидете креативни со работите кои веќе ги имате“.
Alt Ctrl Game Jam е закажан за 12 до 22 септември, и ќе се оддржи онлајн, но дечките, кои развија своја платформа за пријавување на игрите, ветија дека ќе има и офлајн настан за македонските гејминг ентузијасти.
[youtube]HdyJ09oP9tk[/youtube]