Сега има софтвер за 3Д модифицирање на фотографии

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Научници од Carnegie Mellon и University of California, Berkeley, работат на софтвер која ќе овозможи 3Д модифицирање на слики. Тоа што софтверот го овозможува е креирање на 3Д-форми од 2Д слики. Софтверот врз база на промените на светлината, текстурите и формите на предметот на фотографијата и огромната база на податоци на 3Д-модели овозможува манипулирање на објектите на фотографиите како да се 3Д. Софтверот 3Д-објектите ги прилагодува на сликата водејќи сметка за текстурата и светлината така што објектот изгледа како да е дел од сликата.

„Во вистинскиот свет навикнати сме да ги поместуваме предметите – ги подигаме, ги вртиме или ги превртуваме. Креиравме средина која ви ја дава истата слобода кога обработувате фотографии.Наместо едноставно да го обработите тоа што го гледате на сликата, наша цел е да го манипулираме тоа што го знаме за фотографираниот приказ“, вели Наташа Колгејд, која работи на овој проект.

Единствено ограничување на софтверот е бројот на достапни 3Д објекти. Со оглед на популарноста на софтверите за 3Д-анимација, 3Д-принтањето бројот на достапни модели ќе биде се поголем па единствен проблем би било нивното пронаоѓање. Софтверот заедно со кодот и научниот труд кој го објаснуваат се достапни на сајтот на Carnegie Mellon University. За жал барем засега софтверот е достапен единствено на OS X.

[youtube]ipTyCJi0t1Y[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments