4 коментари 1 мин. читање

ИТ Настан: КИКА организира воведен курс по програмирање во Python

После курсот за користење и програмирање на Arduino, од хаклабот КИКА организираат уште еден курс за почетници, но овојпат се работи за програмирање во Python.

Python претставува динамички програмски јазик и истиот денес наоѓа голема примена почнувајќи од најобични скрипти, па се до апликации за извршување на поголеми и комплексни операции. Едноставноста на овој јазик се крие во динамичноста и неограниченоста на програмерот кој не мора да се држи до строго определени правила, што не е случај кај другите статички испишани програмски јазици.

Што се однесува до курсот во КИКА, истиот е предвидено да трае 6 недели, односно една сесија неделно од по 2 часа. Се работи за основен курс за кој не е потребно некое предзнаење, а предавањата ќе ги одржи Благој Петрушев.

Курсот започнува на 24 октомври и ќе се одржува секоја среда во хаклабот КИКА, со почеток од 19 часот. На овој курс присутните ќе може да се запознаат со концептите на програмирањето, основните делови на Python и некои корисни алатки кои ќе бидат потребни за пишување на програми.

Цената на курсот е 3.000 денари и сите средства одат за поддршка на хаклабот КИКА, а секој заинтересиран може да се пријави со пополнување на оваа форма. Повеќе за курсот можете да прочитате на официјалниот вики за слободен софтвер.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top