0 коментари 2 мин. читање 12 октомври, 2012

Samsung го претстави Galaxy S3 Mini

Samsung најави нова помала верзија на Galaxy S3 телефоните. Новите телефони ќе бидат со екран од 10 cm, што значи дека е е 2 cm помал од оргиналот. Galaxy S3 Mini ќе работи со Android 4.1 Jelly Bean.

За жал намалувањето на телефонот доаѓа и со намалување на резолуцијата на екранот од 1.280 х 720 на 800 х 480. Променет е и процесорт од четири-јадрен 1,5 GHz на дво-јадрен 1,0 GHz, а и камерата на новиот телефон ќе биде 5 наместо 8 мегапиксели. Според Samsung, телефонот е наменет за попрактичните корисници, кои сакаат помали телефони.  Сепак овојпат попрактичен(помал) телефон доаѓа и со намалување на перформансите на телефонот, па корисниците кои сакаат помал, но сепак моќен телефон ќе мора да побараат друг телeфон. Во зависност од центата Galaxy S3 Mini, ќе може да се натпреварува со телефоните од средната класа како HTC One S, Vivid или Sony Xperia P.

Според аналитичарите ова е одличен потег на Samsung, кои морале да одоговорат на 4-инчниот iPhone 5, кој покажува дека пазарот сè уште е најмногу концетриран точно околу телефоните со оваа големина.  Засега нема информации кога ќе  биде достапен телефонот или која ќе биде неговата цена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top