0 коментари 2 мин. читање 15 март, 2012

ИТ настан: Jоb Fair 2012, саем за вработување и кариера

Во април се одржува 8-миот по ред саем за кариера, пракса и соработка меѓу студентите и компаниите Job Fair 2012, во организација на BEST Скопје.

Овој настан, кој се одржува од 9,10 и 11 април, им нуди можност на студентите и дипломците да се запознаат одблиску со нивните идни работодавци, да се информираат за можностите за вработување што ги нудат големите компании од земјава и странство и да се информираат за можност за реализирање пракси.

Студентите ќе имаат можност да го остават своето CV во електронска форма, за да потоа компаниите учеснички можат слободно да одберат квалитетен кадар, кој ќе придонесе во нивната работа и пробивот низ стегата од конкуренцијата.

Компаниите учеснички имаат можност да ги запознаат посетителите со својата работа и со работните понуди. Посетителите ќе имаат можност да остават свое CV, да присуствуваат на презентации за работата на компаниите, кариерно ориентирани работилници и тренинзи за стекнување soft skills, пишување CV, однесување на работно интервју – корисни работи кои не се вклучени во предавањата на факултетите.

Саемот ќе се одржи во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет. Повеќе информации ќе најдете на jobfair.org.mk, каде ќе може да се регистрирате и да оставете CV.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top