1 коментар 1 мин. читање

Започнува Miss Macedonia – Facebook 2012

Забавната емисија Backstage ќе го искористи Facebook за да ја најде најубавата девојка од Македонија. Мис Македонија на Facebook најверојатно е прв ваков настан во земјава кој ќе се случува прво на Facebook, а потоа на телевизија. Со 800.000 корисници на мрежата, може да се каже дека и време беше некој да ја активира целата таа публика.

Kaко што забележува блогот ИнтернетМаркетинг.мк, на Facebook има 400.000 македонки, од кои 265.500 се меѓу 15 и 25 години, возраст која е потребно да се учествува на натпреварот. Дополнително има околу 537.000 машки корисници кои ќе се заинтересираат да гласаат за некоја од девојките. Но, засега нема кој знае колку девојки, всушност има само едно машко во ранг листата. Но, натпреварот само што започна, и ќе биде интересно да видиме како ќе реагираат корисниците.

Најдобрите фотографии од десет девојки кои ќе имаат најмногу гласови т.е. лајкови ќе влезат во финалниот телевизорски избор со жири комисија. Победничката ќе оди во Кина на Miss All Nations 2012.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top