ИТ настан: Firefox OS доаѓа во Македонија и ти можеш да бидеш меѓу првите што ќе го тестираат

Мozilla и официјално ja претстави македонската верзија на оперативниот систем Firefox OS. Презентацијата доаѓа откако во февруари Mozilla најави дека оперативниот систем доаѓа и во Македонија, заедно со телефоните Alcatel Onetouch Fire C и можеби Alcatel Onetouch Fire E. Со првите слики за изгледот на телефонот, доаѓа и покана за хакатон кој го организира македонската Mozilla заедница, кој ќе се одржат во просториите на ФИНКИ на 10 мај. Настанот ќе се искористи за претставување и запознавање на Firefix OS со домашните програмерска заедница.

Mozilla го најавува Firefox OS како отворен оперативен систем кој доаѓа пред се „со моќта на Интернет во себе“. Firefox OS кој би требало да се појави во Македонија летовот, ги користи HTML5 стандардите за обезбеди поголема приватност, слобода и контрола на сите корисници на паметните телефони, вели Игор Стаматовски, еден од организаторите на Firefox OS хакатонот во Скопје.

„Мozilla ќе понуди слободен оперативен систем кој во својата суштина го обезбедува отворениот Интернет за своите корисници. Згора на тоа, имајќи ја предвид важноста на приватноста на корисниците, која што во последно време е под постојана закана, изгледа дека Firefox OS ќе понуди прилично интересни придобивки за корисниците на паметни телефони“, вели Игор.

Што го прави Firefox OS поразличен од Android и iOS?

Целосно потпирајќи се на HTML 5 и други отворени мрежни стандарди, Firefox OS е комплетно ослободен од правилата и ограничувањата на постоечките неслободни мобилни платформи. Технологиите на кои е базиран Firefox OS може да се користат и на Android, најверојатно и на iOS, па и на другите мобилни платформи, и во принцип тие придобивки се пред се насочени кој развивачите на софтвер отколку на корисниците.

Дали очекуваш да биде прифатен од мејнстрим корисниците, или ќе биде во сенката на Android и ќе се користи само од Firefox ентузијасти?

Firefox OS се прилагодува на нашиот начин на живот, за да можеме да го живееме секој момент, потполно. Оваа порака е наменета токму за корисниците, телефонот што работи на Firefox OS кој е веќе дел од нивниот живот, ќе се слее во секојдневната употреба на технологијата која денес е нераскинлив дел од сечиј живот. Firefox OS ви ги доставува вистинските информации од популарните апликации кои сте ги користеле до сега, како и апликации и информации за локални содржини, она што е можеби најбитно за секој корисник. Можете да ги имате сите функционалности без компромиси, да ја најдете локацијата каде што сакате да одите, да сликате и споделувајте фотографии и видеа, да останете постојано во контакт со пријателите и вашето семејство, да слушате музика, да играте игри итн.

И конечно, Firefox OS ја трансформира нашата иднина, го прави достапен отворениот Интернет до сите корисници. Поддржан од непрофитната организација Мозила и имајќи ја поддршката од глобалната заедница на Мозила корисници заедно со сите искуства и придобивки од локалните тимови и содржини, кога корисникот ќе го направи изборот за Firefox OS, всушност направил избор за градење на посветла иднина за Интернетот за
сите нас. За да ја покажеме оваа максима на дело, следната верзија на Firefox OS 1.4 ќе дојде и на македонски, кој друг неслободен мобилен оперативен систем може да се пофали со оваа придобивка за корисниците?

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Здравко
Здравко
8 years ago

А каде ќе се употребува тој ОС и како ќе се инсталира? Де, некој поконкретен податок…..

Виктор Дано
8 years ago
Reply to  Здравко

Ќе доаѓа на телефонитите, како Android и iOS. Одлична прилика да го посетиш настанот штом те интересира. :)

trackback

[…] Reading… Tweet(function()… Reading… Tweet(function() { var po = document.createElement('script'); po.type = 'text/javascript'; po.async […]

trackback

[…] оперативен… Reading… Tweet(function() { var po = document.createElement('script'); po.type = 'text/javascript'; po.async […]