3Д-испринтан гипс користи ултразвук за да го забрза заздравувањето

во Хардвер

3Д-печатеното медицинско помагало кое е замена за гипсот кој се користи традиционално при скршениците само што стана подобро. Cortex 3D покрај испечатената копија која е далеку полесна од гипсот сега доаѓа со интегриран ултразвук кој овозможува побрза регенерација на оштетеното ткиво. Отпечатените копии овозможуваат намалување на неријатностите на пациентите. 3Д отпечатоците се полесни од гипсот, и имаат простор кој овозможува кожата да дише што го намалува чешањето и непријатната миризба. Освен ова „арматурата“ доаѓа со специјално креирани жглебови кои овозможуваат лесно ставање и вадење на истата. Ситемот за ултра звук кој е поставен на арматурата за 20 минутно работење во денот ја забрзува регенерацијата за 38 отсто кај скршениците, па се до 80 отсто при посериозните скршеници.

„За ова да може да функционира LIPUS ултразвучните сонди се поставуваат директно на кожата врз скршеницата. Традиционалните копии не го овозможуваат ова, сега благодарение на дупките за вентилација во калапите LIPUS сондите за стимулација можат да се постават врз повредите“, пренесува Cnet.

Креирањето на калапоте се изработува така што најпрво се се прави 3Д-скенирање на екстремитетите, по што техничарот ќе изработи копија. Во зависност од повредата и нејзината локација техничарот ги поставува да и дуките за вентилација. Готовиот гипс е во два дела кои се спојуваат како сложувалка и за зацврстуваат со еластична жица. Засега Osteroid медицинското помагало е прототип, но доколку резултатите покажат дека станува збор за супериорен модел ќе биде само прашање на време кога 3Д-испринтаните копии целосно ќе го заменат гипсот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments