Откако преслуша 119 часа на поплаки и забелешки од корисниците за стотина мобилни сајтови, Google, заедно со AnswerLab, објави 25 принципи за креирање на подобар мобилен сајт. Како што вели Google, принципи треба да им помогнат на корисниците полесно да се снајдат на мобилните сајтови, отворени преку помалите екрани, за да можат да ги пребаруваат и откриваат нови услуги.
Меѓу првите правила се поедноставувања на сајтот како истакнување на повикот за акција, или креирање на помали менија, отстранување на промоции кои „не треба да го украдат шоуто“ од сајтот; и секако воведување на алатка за пребарување за да може корисниците полесно да го пребараат тоа што ги интересира. Google вели дека корисниците не прелистуваат страни, туку го судат сајтот, и неговата листа на продукти, според резултатите од пребарувањето. Затоа филтри во пребарувањето се неопходни. Во суштина, целиот мобилен сајт треба да биде оптимизиран за мобилно користење, од големи слики до информирање на корисниците дека има и „десктоп“, не „full“ верзија на сајтот. Full може да им каже дека тоа што го гледаат преку мобилен не е целата слика.