ИТ настан: ФИНКИ ги пречека идните македонски информатичари

во ИТ.МК

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ги пречека основците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ на час на кој беше демонстрирана употребата на современата технологија во едукацијата на младите.

На часот беа презентирани NAO хуманоидниот робот, Microsoft Kinect како и SRV-1 роботот кои се дел од опремата на Лабораторијата за роботика и интелигентни системи при ФИНКИ. На часот беше демонстрирана употребата на оваа современа технологија за едукација во основното образование преку едукативните игри кои ФИНКИ ги разви за тие потреби. Беше промовирана и апликацијата од студентите од ФИНКИ која учествуваше на Microsoft Imagine Cup натпреварот и нејзините можности за користење во едукативни цели. Дополнително беа демонстрирани и можностите за развој на алтернативни кориснички интерфејси за управување на мобилни роботи.

Овој настан е прв од низата настани кои ќе следат, а во кои ќе се третира примената на современите технологии во образованието. Целта на овие настани е ФИНКИ да го истакне своето мото „пасија за технологија, пасија за наука, пасија за живот“ за да ја разбуди желбата за изучување и примена на технологијата кај младите генерации.

[youtube]mhq8Q-xA2p4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Финкаш
Финкаш
13 years ago

Греаота се тие што ќе им поверуваат и ќе се запишат на ФИНКИ…

Ѓорѓи
Ѓорѓи
13 years ago
Reply to  Финкаш

Греота е ти што си се запишал, а не ти се загрева столицата за учење, оди вози такси таму и ослободи место за оној што сака да учи.

студент
студент
13 years ago
Reply to  Финкаш

Греота е што такви како тебе се запишуваат на ФИНКИ…

види ги сите огласи на kariera.it.mk