Најновото истражување на Flurry ни покажува дека развивачите на мобилни апликации повеќе го сакаат и развиваат апликации за iOS на Apple, отколку за Android оперативниот систем. Во своето истражување за првиот квартал од 2012 година, од Flurry пишуваат дека односот на развивање на апликации за iOS и Android е 2:1, што може да се види и од графикот подолу.
Една од главните причина за тоа, можеби е и фактот дека Apple доминира на пазарот за таблет компјутери. Се проценува дека во 2012 ќе се продадат околу 120 милиони таблет компјутер, а во моментов, во првите пет месеци од 2012 година, дури 88 отсто од уделот му припаѓа на iPad, додека Samsung Galaxy Tab се користи кај 9 отсто од корисници, а Kindle Fire од 3 отсто. Исто така, главна улога игра и заработувачката која ја имаат развивачите на апликации. Ако со апликацијата за iOS развивачот има заработка од 1 долар, на Android ќе заработи 0,24 долари.
„Сепак, на крајот од денот, програмерите водат бизнис, а бизнисите бараат маркет од кој ќе имаат поголема заработувачка.“, пишува Flurry. „Или во кратки црти, заработувачкат од Android е помала и потешка во споредба со таа од iOS. Тоа е и клучниот факт што дури 7 од 10 апликации се развиваат за iOS“.









