Од денес, петок 24-ти октомври, до недела ќе се оддржи првата работилница од проектот е-Engagement, организиран од страна на Младинскиот Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија. Проектот е наменет да ги охрабри младите луѓе да се здобијат со ИТ вештини, и да научат како да ги претворат своите идеи во алатки кои ќе решат општествени прашања. е-Engagement ќе се оддржи во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци, со завршна конференција во Прилеп каде ќе се претстават заклучоци и препораки до младите ИТ ентузијасти.
„Повеќето млади луѓе во Македонија знаат како да го користат Google, но дали знаат да го користат со цел да учествуваат поефикасно во заедницата, да ја подобрат својата биографија, да креираат позитивни промени, да најдат подобро работно место?”








