0 коментари 2 мин. читање 24 октомври, 2014

Google ја најави Inbox, нова апликација која треба да го замени Gmail

Google работи на нов сервис за имејл, а името на новата апликација ќе биде едноставно Inbox. Дел од експертите велат дека Inbox ќе биде замена за досегашниот Gmail. Апликацијата на блогот на Google ја претстави Сундар Пичај, главнот инжинер за Android и Chrome, што е и показател за надежите кои Google ги има за овиј сервис.

Новитети кои доаѓаат со Inbox ќе овозможат потенцирање на информациите во пораките што пак ќе овозможи полесно снаоѓање и прегледување на пораките, a Google ќе додаде и дополнителни информации од Интернет поврзани со содржината на пораката, на пример податоци за авионски летови или достави. Апликацијата нуди и групирање на сите слични пораки на едно место, така известувањата од банките и сметките ќе бидат сместени во иста група, па коирникот ќе може истовремено да ги разгледа сите наеднаш. Inbox ќе им овозможи на корисниците и да си остават потсетници кои би ги потсетувале за обрските кои ги имаат.

Inbox е веќе достапен за дел одбрани корисници, сите останати можат да се пријават на [email protected] за можност да ја добијат апликацијата нешто порано.

[youtube]bzNTjpUMOp4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top