(Oва е гостински текст од Елена Игнатова, проектен координатор во Фондацијата Метаморфозис)
Локалната канцеларија на Microsoft Македонија заедно со фондацијата Метаморфозис го организираат денот на Microsoft посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Денот, кој е посветен на невладините органиации, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Microsoft преку програмата Youthspark и апликациите за сајбер-грантови. Присутните претставници на граѓанскиот сектор ќе имаат можност и да дискутираат околу употребата на технологијата и друштвените мрежи за постигнување на подобро онлајн присуство и достапност до граѓаните.
На #msngoMK ќе се презентира програмата #YouthSpark преку која @msftcitizenship ги поддржува младите во создавање и искористување можности
— Metamorphosis (@fmeta) March 18, 2014
- 10.00-10.15 Отворање на настанот [Стефан Плавјански, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово, и Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис]
- 10.15-10.45 Воведно обраќање: Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии [Елена Игнатова, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
- 10.45-11.15 Создаваме вистински влијанија за подобро утре: Microsoft YouthSpark. Презентација на Програмата на Microsoft за донирање софтвер [Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово]
- 11.15-11.45 Кафе пауза
- 11.45-12.30 Друштвени медиуми за општествена полза [Тамара Ресавска, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
- 12.30-13.15 Технологија за НВОи: Соработка преку интернет [Јовче Пластиновски, консултант, Microsoft Consulting Services]
- 13.15-13.30 Завршни коментари
- 13.30-14.30 Ручек







