Првата вест за земјотрес во Лос Анџелес, три минути по затресување на земјата, дојде од робот-новинар на Los Angeles Times. Весникот е прв медиум во светот кој објави текст напишан од робот, односно од алгоритам креиран од новинарот и програмер Кен Швенчке. Алгоритмот со име Quackebot, напишан пред две години, генерира кратки приказни базирани на податоци од релативни извори. Поточно, за оваа приказна роботот-новинар ги искористил податоците на Американската сеизмолошка обсерваторија, и ги додал во претходно напишана сторија. Роботот исто така може да пишува и приказни за криминал во градот, но само доколку човек уредник ги провери текстовите. Според г. Швенчке, роботите нема да ги заменат новинарите, но можат да им помогнат, вели тој за Slate.
Ова е текстот кој го напиша алгоритмот на LA Times:
„Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени беше забележан во понеделникот на пет милји одалеченост од Вествуд, Калифорнија, според Американската сеизмиолошка обсерваторија [USGS]. Тресењето се забележа во 6:25 часот наутро по Пацифичко време на длабочина од 5 милји.
Според USGS, епицентарот беше шест милји од Беверли Хилс, Калифорнија, седум милји од Јуниверзал Сити, Калифорнија, седум милји од Санта Моника, Калифорнија и 348 милји од Сакрамонто, Калифорнија. Во последните десет дена, во близина немаше забележано земјотреси со магнитуда поголема од 3 степени.
Оваа информација доаѓа од USGS нотификацискиот центар за земјотреси и овој пост е креиран од алгоритам напишан од авторот“.
[…] да напише текст. Во 2014 робот новинар го напиша првиот текст за земјотрес во Лос Анџелес, но во оваа статија на Guardian текстов во целост е […]
Аутоматизација се повеќе зема удел од можните професии на хомосапиенсот, треба добро да се размисли како да се насочат наште деца кон времињата што доаѓаат. Добра, и тазе, анализа има овдека
http://www.economist.com/news/briefing/21594264-p…