ИТ настан: CodeFest организира „истрага на место на кодирањето“

0 коментари 1 мин. читање

CodeFest го најави новиот 32 часовен хакатон, кој ќе се одржи трета година по ред. И овој пат тимови на студенти ќе се натпреваруваат во креирање на иновативни и креативни ИТ решенија. За оваа година од CodeFest најавуваат дека настанот ќе биде најголем и најдобар досега, со повеќе спонзори и подобри награди. На претходните две кодирања за нинџи учествуваа 70 учесници поделени во 13 тимови во 2013 година, и 144 учесници во 22 тимови во 2014 година.

Апликациите за учество на настанот се отворени и можат да бидат поднесени до 7 април. Тимовите може да бидат сотавени од 2 до најмногу пет члена. По ова на 7 април ќе бидат известени тимовите кои се избрани за учество на натпреварот. Натпреварот ќе се одржи на 18 и 19 април на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Мотото оваа година е „истрага на место на кодирањето“. CodeFest е организиран од група волонтери водеи од Јасна Тренгоска и Вилијам Асиама, кои, ако се сеќавате, се основачи на македонскиот стартап Memorate.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top