1 коментар 2 мин. читање 12 март, 2015

Комплетно лудата Cards Against Humanity сега може да се игра и на мобилни уреди

Добри вести за сите љубители на Cards Against Humanity. Досон Витфилд изработи веб апликација која овозможува играње на популарната игра преку десктоп, таблет или паметен телефон, јави DesignTaxi. Веб верзијата на Cards Against Humanity е возможна бидејќи играта е издадена под Creative Commons лиценца што овозможува користење, промени и споделување на играта. За жал во момнов сајтот не е достапен, но според најавите проблемите наскро ќе бидат надминати. Во меѓувреме достапен е Xyzzy каде исто така може да играте.

Правилата за играње се едноставни, картите се поделени во два дека црн и бел. На црниот дек се испечатени прашањата, на белиот дек се испечатени одговори кои корисниците можат да ги понудат на секое прашање. По ова играчите, одлучуваат кој одговор е најдобар, овој играч ја зема картата со прашањето. Победник е играчот со најмногу карти со прашања. Прашањата и одговорите се потполно луди, а во ова може да се уверите од примерите подолу.

Доколку сепак сакате друштвени игри без паметни уреди, Cards Against Humanity е достапна за преземање од официјалната страна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top