Не помина ни еден ден од излегувањето на Apple Watch, веќе на кинескиот Alibaba се појавија првите фалсификати. Станува збор за наколку бренови како AW08 и iWatch кој не само што се наликуваат по изгледот, туку и корисничкиот интерфејс е копија на оној на Apple, јавува BBC.
„Alibaba Group е посветена на борбата со фалсификаторите. Имаме блиска соработка со нашите владини партнери, брендови и индустриски здруженија за да го решиме проблемот во неговиот извор“, вели портпаролот на Alibaba за BBC.
Сепак за разлика од Apple часовниците на Alibaba се далеку поевтини и нивната цена е околу 40 долари. Оперативниот ситем е втората разлика и наместо Apple Watch OS часовниците доаѓаат со Android. Освен ова недостигаат сензорите, но барем батеријата во кинеските копии ќе трае подолго… Дел од продавачите и покрај копирањето на дизајнот и оперативниот систем сепак објавуваат дека не станува збор за новиот часовник од Apple. Taobao е една од овие компании која јасно објавува дека не станува збор за Apple Watch, сепак се чини дека ова е изнуден потег од Alibaba кои не се согласуваат со продавање на фалсификувана роба во својот маркет.