ИТ настан: Codefest организира хакатон во април во Охрид

во ИТ.МК

Годинешниот Codefest ќе се одржи од 15 до 17 април во хотелот Горица во Охрид. Настанот се одржува четврта година по ред, а и оваа година ентузијастите ќе се соберат на едно место за да ги развијат своите идеи. Codefest Marathon е хакатон во кој за 32 часа учесниците се натпреваруваат во креирање на иновативни решенија. Хакатонот е наменет за учениците на техничките факултети, а освен ова ограничувањето е и дека тимовите можат да бидат составени од 2 до 5 учесници.

Заедно со натпреварот ќе се одржат и предавања и презентации на најразлични теми поврзани со ИТ, како: иновации, дигитален маркетинг, стартапи и развој на бизниси и инвестиции. Темите за кои се разговара ќе бидат од локален интерес, а говорниците доаѓаат од Словенија, Полска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

„Претставува огромен предизвик да се подготви еден ваков настан, но истовремено го чувствуваме и како одговорност кон покажаниот интерес од страна на заедницата во изминатите три години на Codefest. Оваа година ќе се обидеме тоа и да го надминеме, со тоа што му даваме силно изразен интернационален карактер на настанот и многу посериозни придобивки за учесниците. Со искуството од минатите 3 години, веруваме дека пред нас е еден несекојдневен настан“, велат организаторите на Codefest.

Аплицирањето е отворено и трае до 15 март. Започна и регистрацијата за заинтересираните посетители, кои сакаат да го следат настанот, а сите заинтересирани можат да ги резервираат своите билети тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Andrej T.
Andrej T.
10 years ago

Океј, значи сериозно ми иде да прекинам да читам статииве. Не може во втората реченица да има 2 печатни грешки:

„Настанот се одржува четрта година по ред, а и оваа година ентузијастите ќе се соберат на едно место за да ги развијат своите идеа.

Ми требаше 5 секунди да ги најдам грешкиве. Дејан, дај пази повеќе или додадете proofreading во процесот на објавување. Turn-off комплетен се грешкиве и ги има со години.