13 коментари 1 мин. читање

Со Revolut праќај и примај пари од било каде во светот, и во Македонија

(Ова е гостински пост на Иван Ивановски, од Venikom Mobile и основач на македонскиот стартап Lynx.press)

Revolut е револуционерен продукт кој почна да станува се попопуларен во Македонија. Според самиот провајдер има повеќе од 5.000 корисници од Македонија кои можат да праќаат и трошат пари. Но, што е толку револуционерно тука? Revolut не наплаќа никаква провизија, а праќањето на пари од едно на друго лице е инстантно. Плус, курсот за трансфер од една валута во друга е подобар од било која банка.
Парите се праќаат преку SMS порака, Facebok messenger или бил кој друг сервис за комуникација.

Како работи Revolut? Сѐ што треба е да имате паметен телефон (Android или iPhone). Симнете ја апликацијата од Google Play или AppStore и веднаш ќе добиете профил и виртуелна картичка. Со само неколку клика може да ја нарачате картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.

Колку чини креирање на акаунт и добивање на картичката по пошта? Бесплатно е и побезбедно од било што друго! Ова за мене представува најдобриот сервис за трансфер на пари, иако постојат и слични сервиси што ги земеме за споредба (Neteller, Payoneer, Xoom, Skrill, TransferWise, WesternUnion, MoneyGram, Paypal, Bank Transfer)

Напишано од

Иван Ивановски е ко-основач на Venikom Mobile. Веќе 4 години активно работи на креирање на мобилни апликации за познати светски брендови како Vogue, GQ, Glamour, Wired, Dom Perignon, T-mobile, AXN TV, Grafik. Паралелно работи на проекти за обновливи избори на енергија и автоматика. Хоби му е фотографирање.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

13 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top