1 коментар 2 мин. читање

ИТ настан: Codefest организира хакатон во април во Охрид

Годинешниот Codefest ќе се одржи од 15 до 17 април во хотелот Горица во Охрид. Настанот се одржува четврта година по ред, а и оваа година ентузијастите ќе се соберат на едно место за да ги развијат своите идеи. Codefest Marathon е хакатон во кој за 32 часа учесниците се натпреваруваат во креирање на иновативни решенија. Хакатонот е наменет за учениците на техничките факултети, а освен ова ограничувањето е и дека тимовите можат да бидат составени од 2 до 5 учесници.

Заедно со натпреварот ќе се одржат и предавања и презентации на најразлични теми поврзани со ИТ, како: иновации, дигитален маркетинг, стартапи и развој на бизниси и инвестиции. Темите за кои се разговара ќе бидат од локален интерес, а говорниците доаѓаат од Словенија, Полска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

„Претставува огромен предизвик да се подготви еден ваков настан, но истовремено го чувствуваме и како одговорност кон покажаниот интерес од страна на заедницата во изминатите три години на Codefest. Оваа година ќе се обидеме тоа и да го надминеме, со тоа што му даваме силно изразен интернационален карактер на настанот и многу посериозни придобивки за учесниците. Со искуството од минатите 3 години, веруваме дека пред нас е еден несекојдневен настан“, велат организаторите на Codefest.

Аплицирањето е отворено и трае до 15 март. Започна и регистрацијата за заинтересираните посетители, кои сакаат да го следат настанот, а сите заинтересирани можат да ги резервираат своите билети тука.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top