0 коментари 2 мин. читање 7 март, 2013

ИТ настан: Бесплатни обуки за подобрување на ефикасноста на организациите

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

Вештините со кои ќе се стекнат избраните организации вклучуваат:

  • Поефикасно канцелариско работење и раководење со/спроведување проекти преку користење cloud computing (или технологија во „облакот“);
  • Стратешко користење на друштвените медиуми;
  • Практики за безбедна интернет комуникација.

Периодот на спроведување на активностите е април-октомври 2013 година. Ќе бидат опфатени 10 организации, а предност ќе имаат организациите кои ќе покажат спремност за користење на сите вештини опфатени со обуките. Oрганизациите ќе имаат можност да работат со експерт во областа, кој ќе ги идентификува нивните специфични потреби и врз основа на резултатите ќе предложи алатки и дополнителни обуки насочени кон подобрување на ефикасноста на организацијата.

Рокот за пријавување е до 24 март, 2013 година. Сите заинтересирани организации се замолуваат да го пополнат следниот формулар.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top