0 коментари 2 мин. читање 7 март, 2013

Сепак нема да има микротрансакции во сите игри на EA Games

Сепак нема сите игри кои ќе бидат издадени од EA Games нема да вклучуваат микро-трансакции, вели финансискиот директор на EA, Блејк Јоргенсен, кој потврди дека иако овој начин на плаќање нема да биде вклучен во сите игри, тој сепак ќе биде поддржан од сите игри.

За минатонеделната изјава г. Јоргенсен вели дека е погрешно протолкувана и дека  мислел дека само ќе овозможат микротрансакции во своите игри. Еве што изјави минатата недела: „Ќе ги вградиме во сите наши игри, можноста за плаќање додека играте, без разлика дали ќе биде за да стигнете до повисоко ниво за да купите нов карактер или за да купите камион, оружје или што и да е.“

Сепак главната идеја зад микро-трансакциите е да бидат вградени во бесплатните игри, пред се во најбрзорастечкиот пазар, игри за таблет компјутери и паметни телефони.  Јадрото на микро-трасакциите ќе бидат игрите за преносни платформи кои во моментов се бесплатни.

„Можете да ја играте играта три години и да не платите ниту пени, или можете да платите и веднаш да бидете повозбудени за играта. Ова ќе овозможи и игри кои можеби се играат 1000 часови, со дополнителни содржини да се играат 2000 часови“, вели г.Јоргенсен. 

Дообјаснувањето доаѓа во период кога играчите на хит играта на EA, SimCity има проблеми со серверите, па иако ја нарачале играта во претпродажба и ги иммат своите копии сепак нема да може да играт. Покрај ова неможе да заборавиме дека минатата година EA Games беа избрани за најлоша компанија во САД „победувајќи“ ги Bank Of America во финалето. 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top