Google претстави нови верзии на мобилната апликација на својот мејл клиент. Интересно, новите верзии за двете популарни платформи iOS и Android 4.2 беа објавено во исто време.
Што има ново? Gmail за iOS сега има нов изглед и бројни подобрувања како истакнување на профил слики во пораките, анимации на транзициите на екранот, и безкрајно скролање на листата со пораки. Додадено е и подобро автоматско комплетирање на термините кои се пребаруваат, за, како што вели Google, „да се зачува на време“, и е додадена интеграција на Google+ и Google Calendar за коментирање на настани. Додадена е и поддршка за повеќе профили.
Gmail за Android 4.0+ ќе дозволи да се променува големината на пораките да одговараат на големината на екранот, со можност да се зумира со кратко движење на прстите. Додадена е опција со брзо странично движење на прстите да се скока од порака на Inbox. Сите фотографии сега се полесни за прегледување, односно во секоја порака се прикажани во мали сликички кои се отвараат со мало притискање. Додадена е и опција за закачување на видеа во атачмент.









