3 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: AllWeb ќе биде прва конференција за интернет маркетинг во Македонија

Конференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР, AllWeb е најавена за 23-ти ноември во Скопје. Се очекува на сцената да видиме бројни експерти од полето на интернет маркетингот и друштвените мрежи.

“Причината поради која се решивме да организираме една ваква конференција беше недостатокот на простор за споделување на практични знаења и искуства на овие теми, кој што се чувствува во Македонија.“, вели Дарко Булдиоски, еден од организаторите на конференцијата.

AllWeb е организирана во соработка со IAB Macedonia (The Interactive Advertising Bureau), а ќе се случува на една главна сцена и паралелни работилници. Повеќе информации околу цените, програмата и повеќе детали ќе најдете на сајтот на AllWeb.

[youtube]ZdKels6J4_8[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top