Заврши и четиридневната Gitex Technology Week 2012 конференција која се одржа во Светскиот трговски центар во Дубаи. Zero Science Lab ја имаше таа чест да присуствува на конференцијата како претставник на полицијата на Абу Даби која хостираше натпревар во хакирање (Capture-The-Flag) кој беше креиран од мене (Ѓоко Крстиќ), Хидајат Кан и Стефан Петрушевски. Конференцијата траеше 4 дена од 14 до 18 октомври и беше поделена низ 8 огромни сали по категории: мобилни технологии, хардвер, софтвер, безбедност на информации, владини организации на УАЕ, компјутерски мрежи и др.
Присуствуваа вендори од целиот свет презентирајќи ги најновите достигнувања и новитети во информатичката технологија. Некои од поголемите производители што ги презентираа нивните производи беа Microsoft, BlackBerry, Symantec, Avira, Eset, Kaspersky, Sharp, SAmsung, Sony, Baracuda, Cisco, Oracle, Sophos, GFI, Philips, Asus, Google и многу други. Исто така присуствуваа и помали компании од Кореја, Франција, Германија, Бангладеш и т.н.
*кликни на сликата за повеќе фотографии од настанот
Се истакнуваше Мicrosoft Surface во соработка со Samsung, електричните whiteboards, не-безбедноста на IPv6, големите торби на компанијата Eset, маиците на WatchGurad, новиот гејмерски лаптоп на Razor со додаток мал екран кај нумеричката тастатура за да можете да си го гледате десктопот додека играте некоја игра или па да си сурфате. Креаторите на Snort IDS презентираа заштитни решенија за SCADA системи, Sophos презентира нов тип на напад кон IPv6 од кој се ранливи сите верзии на Windows, и кој предизвикува срушување на повеќе од 1.000 компјутери во мрежа во дел од секундата.
Исто така имаше и говори за безбедност на информации на семинарот за сајбер безбедност, на кој зборуваа луѓе од Symantec, Blackhat, Zero-Day и други. Најголем дел од дискусијата се водеше за најновите закани во безбедносниот свет како и заштита и методологија во пенетрациско тестирање.
Бидејќи бевме фокусирани повеќе на натпреварот за хакирање, не бев многу во можност да присуствувам на другите настани, семинари, говори. На предизвикот за хакирање учествуваа 10-тина професионалци, но никој не успеа да го пронајде „знаменцето”. Предизвикот се состоеше од 8 нивоа и беше наменет за пентестери и инженери. Решението за предизвикот ќе го објавиме наскоро на блогот на Zero Science Lab.