0 коментари 2 мин. читање 13 септември, 2012

ИТ настан: Софтверската компанија Siyelo ги повикува македонските програмери и дизајнери на дружба

Софтверската компанија Siyelo, со седишта во Кејптаун (Ј. Африка) и Скопје, ги повикува македонските веб дизајнери и програмери на дружба во кубанскиот ресторан La Bodeguita Del Medio. Без грижа, пиењето е на нивна сметка!

Дружбата ја организираат Далибор Насевиќ и Диме Пашоски, кои можеби подобро ги знаете како креатори на наградуваната апликација Поправи.мк. Двајцата работат во претставништвото на Siyelo во Скопје како програмер, односно дизајнер. Портфолиото на Siyelo можете да го погледнете на нивниот сајт, а според Далибор, еден од поважните нивни проекти е Health Resource Tracker кој го развиваат во соработка со експерти од Руанда, Кенија и САД.

Според нив, идејата на собирот е подобро да се запознаат со македонската програмерска и дизајнерска заедница, да и понудат шанса на заедницата да направи некој бизнис контакт, и секако, како алтернативен мотив е да најдат соработници. Повеќе детали за вработување во Siyelo ќе најдете на нивниот блог.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top