Apple ја претстави новата генерација на iPod Touch и iPоd Nano

во Хардвер

После 2 години, време беше од Apple да направат некоја промена на најпопуларниот музички плеер iPod, кој до сега се продаде во околу 350 милиони примероци, и да му додат некои понови функционалности како Siri и iSight камера.

Новиот iPod Touch е изработен од висококвалитетен алуминиум и ни доаѓа со дебелина од 6,11 милиметри и тежи 88 грама. iPod Touch има многу поквалитетен 4-инчен екран, ќе работи на A5 процесор и ќе го користи новиот iOS 6. Со двојадрениот процес и графичка, iPod Touch стана уште подобра играчка конзола. Исто така, подобрена е и батеријата која сега ќе може да издржи 40 часа.

Покрај тоа, во новата генерација на iPod Touch, доаѓа и iSight камера од 5 мегапиксели со аутофокус и блиц, додека предната камера има квалитет од 720p. И да не заборавиме дека сега и говорниот асистент Siri ќе може да ви асистира и на iPod Touch.

Аpple го претстави и iPod Nano кој доби поголем екран, подобра контрола и е полесен и потенок од претходно. Најновиот модел на iPod Nano наликува на мобилен и е најмалиот Nano досега. Исто така, користи и Lightning конектор. По барање на корисниците, одсега iPod Nano има и Bluetooth, а додадена е и уште една батерија со што ќе им овозможи на корисниците подолго време на користење. Исто така, има интегрирано FM тјунер и прикажување на видеа во цел екран.

И двата уреди ќе бидат во продажба од октомври и тоа по цена од 299 долари за 32 гигабитниот модел на iPod Touch и 399 долари за 64GB. iPod Nano доаѓа во модел од 16GB и ќе чини 149 долари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk