Кинеската влада веднаш демантираше нарекувајќи го „смешно“ обвинувањето за нивно учество во сајбер шпионирањето, додека експертите велат дека поради природата на нападот тешко е да се најде правиот извор. Но и покрај тоа успеале преку мејлови од претходно откриената тајна мрежа „GhostNet“, безбедносните експерти успеале да дојдат до двајца хакери, еден од нив дел од Универзитетот за компјутерски науки во Шенгаи, кинески град во близина на Тибет.
Тајната мрежа користела популарни сервиси за да одржи контрола врз своите ботнети. Инфраструктурата се содржи од 3 Twitter профила, пет Yahoo Mail профили, 12 Google Groups, 8 Blogspot блогови, 9 Baidu блогови, еден Google сајт и 16 блогови на blog.com.
„Користењето на друштвените мрежи, блоговите и останатите сервиси на компании на кои корисниците им веруваат им овозможува на напаѓачите да одржат контрола на пробиените компјутери дури и ако директната комуникација со контролниот сервер е блокирана од огнениот ѕид (firewal).“ пишува во извештајот „Сенки во облакот: Истражување на сајбер шпионирање 2.0“.
Ова како на некој филм.
Super