4 коментари 1 мин. читање

Ограбена банка! Twitter повторно прв во информирањето

Можеби Twitter со своите 140 карактери освен суровата информација не нуди детали од настанот, но тоа што го прави добро е актуелизација на настаните – информација во моментот на случувањето за разлика од традиционалниот начин на пренесување вести. Имено ми требаше половина час да ја проверам информацијата дека навистина имало грабеж и потоа да го напишам текстот.

Ова е уште еден пример, по земјотресот, кој одлично ја демонстрира моќта на новите медиуми, новите веб сервиси, и пред се граѓанското новинарство кое благодарение на новата технологија има одличен ефект. Потребно е да се регира, а информацијата сама ќе си го постигне виралниот ефект.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top