3 коментари 1 мин. читање

ИТ министерот очекува младите стартапи да ги користат отворените податоци

Приватните компании треба да ги искористат отворените податоци за да креираат мобилни и веб апликации во служба на граѓаните, вели ИТ министерот Иво Ивановски на конференцијата за е-Влада. Отворените сурови податоци ќе бидат објавувани од пет институции, и ќе им бидат достапни на компаниите 24 часа дневно во дигитална форма. Компаниите ќе можат да профитираат од апликациите од крајниот корисник, што би требало да биде поттик за користење на јавните податоци, но, тоа ќе биде според „строго дефинирани правила и стандарди“.

Иако овој концепт беше најавуван уште пред две години, сепак се чини дека нема многу интерес од компаниите. Затоа е и овој повик од ИТ министерот, кој објасни дека набавката на системот е завршена и податоците наскоро ќе бидат објавени. Сепак, министерот вели дека и покрај незаинтересираноста на компаниите, има надеж дека младите стартапи ќе најдат примена на податоците, и ќе ги обработат во креативни и корисни сервиси.

„Најмногу интерес гледаме од студентите и од стартап компаниите што можеби се многу поискрени во ризикот што сакаат да го преземат со искористување на овие отворени податоци“.

Министерството за информатичко општество објави и сајт за отворени податоци, по примерот на многу европски земји и Eвропската Унија.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top