Koга Apple го престави Mac Pro, дизајнот на десктоп компјутерот не остави без зборови. Секако дека очекувавме компјутерот, достапен од декември за 3.000 долари, да биде моќно чудовиште, но бевме изненадени од креативено склопените компоненти во цилиндрично куќиште. Проблемот со таа креативност, вели Apple, е што морале да најдат поразличен процес на производство на алуминиумскиот цилиндар. Mac Pro се склопува во САД, и од видеото кое го објави Apple може да се види дека креирањето на компјутерот е исто толку прекрасно како и самиот производ.
[youtube]IbWOQWw1wkM[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.