Постои голем број на апликации кои би ви помогнале да направите бекап на сите ваши податоци на вашиот паметен телефон. Некои од нив нудат зачувување на податоците во облакот, некои на меморијата која ја имате во вашиот телефон, а некои ги нудат и двете опции. Една таква апликација е Nero BackItUp. Развиена е од, верувам за сите позната, Nero кои се познати по апликацијата за снимање на податоци на CD и бекап алатка.
Апликацијата нуди можност да направите бекап на вашата мултимедијална содржина, контакти, пораки, лог со повици, па дури и системските поставувања. Дополнително, бекапот можете да го зачувате на вашата SD картичка, РС или пак во облакот на Nero за кој добивате 5GB бесплатен простор.
Nero BackItUp е многу едноставна за користење и сè што треба да направете е само да изберете кои податоци сакате да ги зачувате, да изберете каде сакате да ги зачувате и да притиснете на копчето за бекап. Доколку се одлучите да ги зачувате податоците во облакот, ќе морате да се регистрирате на сервисот, што не би ви одземало повеќе од една минута.
[youtube]4WZ1pjRTbN0[/youtube]







