Неполни две недели до новата години и зимскиот распуст. Во пресрет на празничното расположение, како еден од советите кои би можеле да ги дадеме е да си се почестите со некоја игра. Но, она што никако не сакаме е непотребно да фрлате пари. Токму поради тоа, решивме да ги истакнеме продавниците кои ги започнаа нивните распродажби. Направете кафе, земете длабок воздух и започнете со импулсивното купување!
PC
Steam – големата распродажба на Steam само што започна (планирана за во 19:00 часот)и, доколку серверите ви дозволат, ќе имате на располагање илјадници и илјадници игри со длабоки попусти до 90 проценти. Дефинитивно не избрзувајте и прошетајте и низ другите онлајн продавници затоа што шансите се дека на некое друго место ќе ја најдете истата игра поевтино.

GOG – Нашата омилена продавница која продава DRM- Free игри нуди над 3500 игри со длабоки попусти до 90%, но и со постојани флеш зделки кои за кратко време нудат значително пониски цени. Игрите што ги купите од тука, можат да се инсталираат како вие сакате и не сте ограничени од бројни заштити.

Green Man Gaming – Продавницата отсекогаш нудела за нијанса поевтини игри од другите продавници. И оваа зимска распродажба не е исклучок и доколку разгледате внимателно ќе видите дека се кријат историско најниски цени за голем број игри.

Epic Games Store – Од некоја причина многу корисници ја мразат Epic платформата. Ние отсекогаш сме имале одлично искуство со неа, особено за време на оваа распродажба каде за секоја игра која чини над 15 евра, автоматски се касапи цената за дополнителни 10 евра. Ова допринесува до феноменална понуда од релативно нови игри кои се значително поевтини од каде било. Згора на ова, додека трае распродажбата, се нуди секој ден по една игра бесплатно!

Humble Bundle – Бројни игри на попуст ќе најдете и на тука, а доколку сте претплатни на Humble Choice месечниот пакет од игри би можеле за повеќето да добиете дополнителен попуст. Дефинитивно ви препорачуваме да ја проверите следнава промоција, каде доколку купите пет игри автоматски отклучувате попуст од 85%.

XBOX и PlayStation
Стотици и стотици игра се продаваат со намалени цени во продавницата на Microsoft, а за да добиете најдобар увид за тоа што има на понудат, ви препорачуваме да го проверите Xbox Games Price Tracer. Преку овој веб сајт дознавате можете да ги листате игрите кои се на попуст во зависност од регионот, платформата, висината на цената и слично, а лесно можете да дознаете која им била историско најниска цена, како и да одгледате или прочитате некоја рецензија.

Денеска, 1300 игри станаа значително поевтини на PlayStation Store. Таквата промена сеуште не е рефлектирана на самата продавница, но детален увид ќе добиете доколку го посетите сајтот PlayStation Games Price Tracer. Сајтот функционира на апсолутно ист начин како и горе-споменатиот за Xbox и инстантно можете да дознаете дали некоја игра ги заслужува вашите тешко спечалени пари, или не.
Пријатен шопинг!