(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)
ПРОФИЛ
1. Датум кога официјално започнавте со работа?
Нашите почетоци датираат пред повеќе од 20 години, од 1 март 2001 година.
2. Од кого е основана компанијата?
Компанијата е основана од ентузијастички тим од 5 другари кои делат исти вредности и јасна визија за развој на компанијата. Предводена е од Васко Кроневски, прв и сè уште актуелен директор.
3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте?
Започнавме со она што во тоа време беше најактуелно на пазарот, сопствен CMS систем – платформа за развој на веб сајтови и од тука го градевме нашето портфолио. Оваа наша веб платформа континуирано ја унапредуваме. Денес најголемите компании и институции ја користат токму веб платформата на Некстсенс. Во првите години од основањето обезбедувавме и Microsoft Certified курсеви со голема посетеност.
4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Tимот со кој започнавме во далечната 2001 година броеше 8 лица заедно со основачите, од кои поголем дел и до денес се дел од Некстсенс.
5. Колку вработени сте сега?
Сега сме околу 100 вработени.
6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Специјализирани сме за решенија за целосна дигитална трансформација, дигитално потпишување и работа со е-документи. Во светот сме препознатливи и по нашите е-Парламент и е-Влада решенија. Нашето портфолио содржи и бројни решенија во областа на здравството, банкарскиот сектор и телеком индустријата. Фокусирани сме и на инфраструктурните сервиси, систем интегратори сме за Microsoft инфраструктури, безбедносните решенија на Symantec и решенијата за заштита на податоци на Veritas.
7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Експертизата градена повеќе од 20 години преку развој на комплексни системи и богатото портфолио на иновативни решенијата за целосна дигитална трансформација, почнувајќи од веб решенија до комплетни решенија за е-компанија, е-Влада, е-Парламент со компоненти на интероперабилност.
Нашите решенија се потврдени преку бројни имплементации во организации ширум светот и наградени со светски награди меѓу кои минатогодишната награда WITSA ICT Excellence Merit Award за иновативната Nextsense Contact Tracing Technology и годинашнава награда од Свеската трговска организација – „Дигитален шампион за 2021“ за Интегрираната платформа за дигитализација на процесите и издавање е-документи имплементирана кај нашиот партнер – Стопанската комора на Северна Македонија.
8. Кои се клиентите со кои соработувате и на кои пазари работите?
Соработуваме со реномирани телекоми, банки, производствени и продажни компании, со влади, владини институции и агенции и парламенти од повеќе земји во Европа, Азија и Блискиот исток, Африка. Ние сме една од ретките софтверски компании кои работат и дома и надвор, имаме дистрибутивна мрежа за наши производи во регионот на Централна и Југоисточна Европа. Листата на наши клиенти е навистина обемна.
9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Ресурсите би ги насочиле кон истражување и развој за да поттикнеме повеќе иновации. Нашата земја има конкурентен интелектуален и експертски капацитет. Исто така, фокусот би го насочиле кон достапност на податоците со кои располага државата во насока на развој на бизнисот и подобро дигитално услужување на граѓаните.
10. Што ќе работите во 2022 година?
Имаме амбициозни планови за 2022 година. Во план се нови интегрирани решенија за дигитална трансформација, нови иновативни производи и услуги и сертификација на нашите дигитални решенија со кои ќе обезбедиме поширока продажба во ЕУ. Планираме проширување на тимот и проширување на партнерската и дистрибутивната мрежа, како и експанзија на повеќе пазари во ЕУ и Азија.
11. Споделете некој “fun fact” за вашата компанија
Има навистина многу забавни моменти за паметење, но еве нешто што можеме да споделиме: Петочки дружења во клубот, незаборавни тим билдинзи за кои потоа и локалците долго раскажуваат… Сите ќе го паметиме зимскиот тим билдинг на кој на журката во планинското бачило пристигнавме со ратрак.
Интересно е и дека дел од колегите имаат официјални e-mail адреси кои ги добиле според некој настан или интересна случка, како на пример: [email protected], [email protected]
Официјален сајт
Nextsense на друштвени мрежи:
Facebook / Instagram / LinkedIn
Посетете го профилот на Nextsense на ИТ Индекс!
Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.