(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)
ПРОФИЛ
1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Ендава е основана во 2000-та година во Лондон.
2. Од кого е основана компанијата?
Компанијата е основана од Џон Котерел.
3. Услуги што ги нудиме на клиенти:
Како една од водечките компании во IT сферата, Ендава веќе 20+ години и дава нова дефиниција на врската меѓу луѓето и технологијата. Соработуваме со водечките компании од различни индустрии како финансиската, платежната индустрија, телекомуникации, медиуми, здравство, технологија и многу други, и им помагаме на поагилен начин да ги користат новите бизнис модели и можности на пазарот.
4. Колку вработени има Ендава?
Заклучно со март 2022-ра година, Ендава има 11.001 вработен ширум светот, a повеќе од 400 се наоѓаат во нашето претставништво во Скопје.
5. Што ја прави Ендава поразлична од другите?
Преку користењето на напредни технологии, нашите агилни мултидисциплинарни тимови обезбедуваат комбинација од стратегии за продукти и технологија на клиентите, како и паметни и врвни инженерски решенија од светска класа кои им помагаат на нашите клиенти да станат поатрактивни, одговорни и ефикасни. Но покрај тоа:
– Искрено се грижиме за успехот на нашите луѓе, нашите клиенти и земјите во кои работиме. Веруваме во нашите способности, пристапот и нашите луѓе и сме целосно транспарентни кон клиентите.
– Ги прифаќаме промените и ги вреднуваме разликите што ни овозможуваат да бидеме успешни во комплексни средини.
– Вработуваме паметни луѓе комбинирајќи искуство и талент за да испорачаме паметни решенија за нашите клиенти.
– Нашите односи се темелат на доверба и еднаквост.
6. На кои пазари е присутна Ендава:
Имаме локации блиску до клиентите на следниве пазари: Австралија, Австрија, Канада, Данска, Германија, Ирска, Холандија, Сингапур, Швајцарија, Обединетото Кралство, САД, но и центри за испорака во Хрватска, Романија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Северна Македонија, Србија, Аргентина, Колумбија, Мексико, Уругвај и Венецуела.
7. Интересен факт за Ендава:
1 од 3 Ендависти се дојдени по препорака на вработен бидејќи сме убедени дека талентите препознаваат таленти – и веруваме во процената на нашите луѓе за луѓе што би се вклопиле со нашите вредности и компаниска култура.
Официјален вебсајт:
https://www.endava.com/
Ендава на друштвени канали:
Facebook / Instagram / LinkedIn / Twitter
Посетете го профилот на Endava на ИТ Индекс.