0 коментари 1 мин. читање

Автоматско надополнување на апликациите со Patch My PC Home Updater

Вашите апликации потребно е да ги имаат најновите надополнувања, како од безбедносна така и од функционална гледна точка. Иако бројни апликации имаат опција за автоматско известување и надградба, дел од апликациите ја немаат оваа предност.

Patch My PC Home Updater е самопокренувачка апликација која ви нуди листа од сите програми кои ги имате инсталирано на вашиот компјутер. Сите програми кои се во постара верзија се одбележани со црвената боја, додека оние во најновата верзија се во зелената. Сите апликации за кои сакате да ја преземете најновата верзија ги штиклирате, а потоа кликнувате на копчето Perform Update за да надополнувањата стапат на сила.

Patch My PC Home Updater ви нуди да инсталирате дополнителни програми, или пак да ги избришете непотребните.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top