Интервју со Франц Шерц, директор на HP тимoт за развој во земјите од регионот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа, ИТ.МК

ИТ пазарот во Македонија е развиен, но е лимитиран според големината, вели Франц Шерц, директорот на групата на Hewlett-Packard за развој во земјите од регионот (Aлбанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Малта, Молдавија и Косово). Неговите обврски во светскиот ИТ гигант се да ги менаџира локалните бизниси на HP, како и да разговара со локалните власти и бизниси за како да се промовира технологијата и соодветните HP решенија за развој на земјите.

Вие сте одговорен за неколку земји од регионов, но што е вашето мислење за ИТ пазарот во Македонија?

Македонија е интересен пазар бидејќи е многу поразвиен од другите соседни држави, но од друга страна е лимитиран во големината. Ова им овозможува на некои македонски компании, исто како нашата локална канцеларија таму, да работат повеќе регионално. Сепак, постои голем потенцијал за да порасне користењето на ИТ внатре во самата Македонија, за да биде конкурентна на поразвиените земји од регионот и Европа.

Која е потрошувачката на HP продуктите во Македонија споредено со регионот?

Според IDC, просечната ИТ потрошувачка по жител  во Македонија е околу 70 долари, која е четвртата највисока ИТ потрожувачка по жител на Балканот, предводено од Словенија со 430 долари по жител, Хрватска со 235 долари по жител и Србија со 95 долари по жител. Што се однесува на уделот во пазарот, бројките се навистина слични меѓу земјите, но како што варира потрошувачката по жител, приходите се доста различни.

Дали е вистина дека HP Македонија посветува повеќе внимание на бизнис секторот и коропоративните клиенти одошто на просечните клиенти?

HP се обидува да го покрие целиот пазар од потрошувачите до бизнис секторот и корпоративните потрошувачи. Главната разлика е тоа што потрошувачкиот пазар е покриен главно преку локални HP партнери, додека корпоративните клиенти бараат повисоко знаење и поддршка што мора да биде обезбедена директно од HP.

Зошто HP избрза со изјавата дека ќе се повлече од пазарот на персонални компјутери, за подоцна вашата извршнa директорка (CEO), Мег Витман, да ја повлече одлуката?

Koмпаниите мора постојано да се обидуваат со различни стратегии или предизвици, па така треба и HP. Знаеме дека изјавата за идните можности на PC бизнисот предизвика многу загриженост на пазарот, но исходот беше јасен и сега се фокусираме на понатамошниот развој на нашиот бизнис.

Нашиот хардвер т.е. серверите, складирањето, вмрежувањето, принтерите и персоналните компјутери – придонесуваат со 70 отсто од нашите приходи, и ние сме најдобри во тоа поле. Секој од овие продукти ја покажува нашата способност да им служиме на корисниците, и затоа ние ќе продолжиме да го правиме тоа бидејќи ние сме најголемиот светски провајдер на информациска технологија, инфраструктура, софтвер, сервиси и решенија за индивидуалци и организации од сите големини.

Дали може да ни споделите одредени статистики за продажбата и уделот на HP на Македонскиот пазар?

Не сме во можност да обезбедиме информации и можам да ве насочам кон компании како IDC кои прават анализа на пазарот во Македонија. Од нивните извештаи, може да се види дека HP е број еден или два во сите категории на продукти кои ги продаваме.

Што е поважно за HP: принтери или лаптоп компјутери? Кој сегмент е поважен?

И двата се еднакво важни, но сепак различни сегменти на пазарот. Мобилните сервиси сега имаат поголем раст, и според тоа тој пазар наскоро ќе биде поголем.

Каде ја гледате иднината на технологијата?

Иднината лежи во нови начини да се обезбеди сервис до мобилните корисници и потрошувачи. Ова вклучува облак технологија (cloud computing) која ќе нуди решенија и сервиси до поширока маса на потрошувачи, односно различни типови на клиенти, започнувајќи од мобилните телефони до работни станици. Компании ќе започнат да користат мешани сервиси креирани внатрешно во приватни облаци или тие што им се нудат преку јавни облаци.

Ова исто така ќе биде прифатено од властите за да се справат со граѓаните и бизнисите. Моментално се консултираме со неколку директори за операции (CIO) за како да ги искористат придобивките на оваа нова технологија за нивните компании или земји. HP има значителна предност тука – кога ќе се земе целото портфолио на HP, секое делче си има свое место, секое нуди можности да им се помогне на корисниците да го претворат предизвикот во можност на таков начин како што не нуди никој друг бизнис.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments