Oвие алатки и веб сајтови за учење јазици, кои се воедно и бесплатни, нудат основни фрази и едукативни материјали кои би ви помогнале да се запознаете со оптимален фонд на зборови неопходни за секојдневна комуникација на јазикот кој сакате да го научите. За да се достигне некое повисоко ниво на познавање на одреден јазик, истиве нудат пакети на нивните онлајн лекции или часови кои се плаќаат.
Според мене бесплатните верзии се сосема доволни да поднаучите нешто од странскиот јазик кое би ви се нашло во основна комуникација, при патувања, запознавање на странци кои говорат на тој јазик, па и можност да читнете некој текст на интернет без користење на Google Translate.
За оние кои го користат пребарувачот Google Chrome, можат да инсталираа екстензии за прелистувачот кои содржат бесплатни лекции и интерактивни апликации за изучување на странски јазици како што се француски, германски, италијански, шпански, португалски, руски, јапонски, кинески и др.
Истите се наоѓаат во делот Education на страницата Chrome Web Store. Овде може да најдете и апликации за зголемување на вашиот фонд на зборови од англискиот јазик, апликации за учење на зборови потребни за полагање на TOEFL испити и др. Ако често наидувате на зборови кои ви се непознати и сакате да го дознаете нивното значење и изговор без да пребарувате на онлајн речниците или да користите Google Translate, доста корисни се Google Dictionary или How Do You Say, кои ви го прикажуваат значењето и изговорот на зборот со едноставен двоклик на него.
За сите оние кои не го користат токму овој прелистувач, подолу следат интернет страници и десктоп апликации за учење на странски јазици.
Како корисна десктоп програма, односно речник за англиски јазик со голем фонд на зборови, го препорачувам WordWeb. На веб сајтот Learnalanguage.com можете да најдете бесплатни лекции, ограничен фонд на зборови на јазикот кој сакате да го научите, форуми и препорачани бесплатни онлајн речници кои ќе ви помогнат во учењето.
Livemocha е онлајн заедница со прилично едноставен изглед, каде што може да се избере од околу триесеттина јазици за кои има бесплатни онлајн лекции и истовремено може да комуницирате со луѓе на кои јазикот, кој сте одбрале да го изучувате, им е мајчин јазик.
[youtube]G80RO3BjDLI[/youtube]
[youtube]yCqy8lwYgMY[/youtube]
Дали имате користено некоја алатка или апликација за изучување на странски јазик, освен стандардните учебници и речници? Какво искуство имате со ваквиот пристап на учење без разлика дали се работи за странски јазици?

Фалааa.