Авантурата со IT.mk доменот и Владата

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог

Откако се зголеми популарноста на .mk домените, се решивме и ние да го регистрираме доменот IT.mk за полесен пристап до порталот, сепак нели е пократок и полесен… Контактирајќи со Марнет во врска со овој домен, бевме известени дека Владата на Република Македонија го има регистрирано IT.gov.mk доменот и според последните промени во Правилникот за организација и управување со врвниот македонски домен МК во областа на интернет (Сл. весник бр.45, 4 Април 2008) потребно ни е писмено одобрување од Владата пред да го регистрираме IT.mk.

Уште кога го слушнав ова, знаев дека сме на пат на многу добра авантура…

Најпрвин, отидов на сајтот на Марнет и во регистарот ги пронајдов податоците за доменот: IT.gov.mk (досие бр. 3299):

Дата на регистрација на доменот: Пред 01-05-2003
Полно име на регистрантот: Влада на Република Македoнија
Адреса на регистрантот:
Илинденска б.б. Скoпје
Телефакс на регистрантот: 118-099

Административен контакт
име: Никoлче В. Балески
e-mail: [email protected]
телефон: 238-099

Веднаш го земав телефонот и се обидов да му се јавам на административниот контакт, г-динот Николче. Го добив и тој ми објасни дека повеќе не работи за Владата и дека сега работи во Т-мобиле, но ми појасни дека не знае кој сега е задолжен за тоа. Благодарам и пријатно, со ветување дека доколку дознае ќе ме извести.

Значи податоците во регистарот се стари и неизменети, а со тоа јасно се гледа дека Владата не се придржува до членот 40 од правилникот на Марнет:

"Член 40
Корисникот е должен до МК-ДНС службата да ја доставува секоја промена на кој и да било од податоците во единствениот Регистар на регистрирани домени во МК – доменот. Промените на податоците се доставуваат на образец утврден од МК-ДНС службата кој јавно се објавува на интернет – страницата на МК-ДНС службата."

Одам чекор понатаму, и по логика вртам во сега веќе Министерството за информатичко општество. По краток телефонски разговор, добив одговор дека не се задолжени за тоа и дека не знаат кој е, да се јавам во Владата. Си велам ајде можеби секретарката не ме разбра добро што сакам, па им испратив и е-маил за чиј одговор би имале повеќе време да размислат и да се распрашаат.

На големо изненадување, добивам краток одговор од ??? (не знам, на крајот имаше само поздрав):

"Pochituvani,

Vo vrska so vasheto prasanje okolu registracija na IT.mk domainot, obratete se pismeno do Vladata na Republika Makedonija

Pozdrav"

Ок… му испраќам сличен е-маил на министерот Иво Ивановски, надевајќи се дека барем од него ќе добијам некои поконкретни информации, од човек кој ја има почуствувано лично работната атмосфера на западот и за кој мислев дека има далеку повисоки стандарди на работа… но одговор, нема. Пред некој ден се обидов и преку приватна порака на Facebook да добијам одговор, но повторно, нема одговор.

Ок, на ред е Владата. Праќам е-маил преку нивната контакт форма на сајтот (повторно за да имаат време да се распрашаат и да ми одговорат) но после 4-5 дена нема одговор. Си велам ќе се обидам телефонски, бидеќи најверојатно овие е-маилови никој и не ги чита.

Здраво здраво, и ја објаснувам ситуацијата. Личноста која ми се јави, претпоставувам секретар, ми рече дека искрено не знае кој бил задолжен, но ме префрли во ИТ одделот на Владата. Пак здраво здраво, објаснувам и добивам одговор дека тоа не е нивниот домен на работа и не знаат кој е задолжен и пак сум префрлен до некоја личност за која искрено не знам каква должност врши. По краткиот разговор, човекот јасно делува дека нема појма што е тоа домен, но кога го слуша моето објаснување дека ни е потребна официјална согласност, во миг одговара: "За официјални барања обратете се писмено до Генералниот секретаријат на Владата и ми ја дава адресата."

Конечно, некој солиден одговор. Подготвуваме писмено барање во официјална форма:


По ова, си велам, веќе завршена работа… Ќе дочекаме официјален одговор надевајќи се на позитивен одговор земајќи ја во предвид комерцијалната вредност на IT.mk доменот, но сепак оставаме простор за размислување дека во одговорот и барем да не одбијат ќе ни објаснат зошто и ќе знаеме што е следното нешто што треба да го направиме.

По некоја недела, добиваме официјален одговор од Владата на Република Македонија, потпишано од генералниот секретар Стојан Тодоров дека Генералниот секретаријат на Владата неможе да даде согласност и нема никакво образложение зошто или дали треба да се обратиме кај некој друг. Да напоменам дека во барањето и поштенскиот код е погрешен:

{mosimage}

Ок, што сега да правиме? Aјде да се обидеме да најдеме логика позади одговорот од Генералниот секретаријат, и вртиме не генералниот секретар Тодоров за да на конкретно поставено прашање во врска со одговорот добиеме реплика:

"…не сум јас компјутер па на поставено прашање да можам веднаш да ви одговорам во однос на тоа што е напишано во одговорот. Неможам ништо повеќе да ви кажам…"

Со ова јасно ни стана дека авантурата тука треба и да заврши бидејќи постапката како обична регистрација на домен ни зададе многу повеќе главоболки од очекуваното. Доменот IT.mk останува нерегистриран и нефункционален, заедно со регистрираниот веќе неколку години Владин домен IT.gov.mk кој не пренасочува ни кон МИО ни некој друг сајт на ИТ институција.

Најголемиот проблем не е дека не го добивме IT.mk па сега сме лути и зборуваме лошо за Владата, туку дека повторно и покрај овие глупости продолжуваме да ја рекламираме Македонија како "Земја на информатичари" и дека продолжуваме со најави на разни проекти за е-Македонија и развој на е-бизнис во кој вклучуваме и суми од 10.000 евра. Доколку навистина сакаат да развиваат ИТ општество, зошто настапуваат вака кон интернет домените од голема важност за приватни проекти и зошто не го отстапат доменот IT.mk на некој кој навистина прави нешто корисно за таа цел!?

Најголема иронија во сето ова е дека според правилникот на Марнет ниту пак Владата може да го регистрира IT.mk доменот без наша дозвола бидејќи го имаме регистрирано IT.com.mk.

Заклучок. R.I.P. IT.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
3 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Оливер
Оливер
14 years ago

Па нормално нема да ви дозволат. Да не сакате и МВР да ви дозволи да го регнете mvr.mk?

azder
azder
14 years ago
Reply to  Оливер

Оливер, ќе почнам малку одоколу:

Интернет не е државна институција на ниедна држава. Интернет е мрежа за комуникација. На неа има една непрофитна корпорација наречена ICANN која што „господари“ со DNS имињата на глобално ниво. Оваа корпорација им има дадено право на Марнет да одлучуваат за сите DNS-и што завршуваат на .mk .

Теориски, ова значи дека Марнет не треба да го боли големото МВР уво за mvr.mk кога си има и mvr.gov.mk т.е. резервирана .gov.mk наставка за СИТЕ државни институции. Практично, самиот Марнет е така поставен што не е слуга на народот, туку слуга на бирократијата и како таков одлучил дека последниот збор треба да биде кај државните институции, наместо кај себе.

Така остана само да ја префрла топката, колку да се рече дека прави нешто. И се сложувам, се прави нешто. Проблемот е што тоа нешто не е на арно.

DeeJayZone
14 years ago

Пример за „тапа“ институции.