{mosimage}Twitter го објави сајтот Election 2008, микс на Twitter постови и политика, каде секој може да си го каже своето мислење за актуелната дебата за престојните избори за претседател на САД. Овој сајт е по примерот на Politweets (http://www.politweets.com/) и Perspctv (http://www.perspctv.com/),а темата на дебатата се двата кандидати Barack Obama и John McCain, заедно и со нивните кандидати за потпретседател.
Колку и да се политичките кампањи во Америка покриени од големите медиуми со анализи и „експерти“, сепак многу малку му се дава шанса на обичниот граѓанин да се вмеша во дискусијата и да го каже неговото мислење. Новите медиуми
им ја дадоа и таа опција на граѓаните. И има што да се прочита. Текстовите, само од 140 карактери, пристигнуваат непрекинато – секоја секунда има нов коментар –
и може да се прочитаат мислења за моменталните интервјуа и појавување на телевизии до коментари за програмите на кандидатите за иден претседател. Најгоре на страната Twitter поставува и „жешка“ тема за разговор. Тоа се актуелни теми кои се сменуваат секои 15 минути.
А сигурно ќе биде уште „пожешко“ вечерва кога двата кандидата ќе се сретнат во првата од трите претседателски дебати која се очекува да ја следат околу 65 милиони американци. Дебатата, доколку се појави John McCain, ќе започне по македонско време 01:00.
{mosimage}