Почетоците и идејата за Facebook

во Веб

{mosimage}Класична приказна – млад генијалец поттикнат од интелигенција и амбиција во својата студентска соба доаѓа до идеја која го менува светот, налик на младиот Бил Гејтс. Но дали таа приказна важи за 23 годишниот Марк Зукербер, основачот на друштвената мрежа Facebook на која до сега над 200 милиони луѓе имаат направено профил?

Знаеме дека почетоците на Facebook, првично TheFacebook.com се контроверзни. Марк Зукерберг мораше да исплати голема сума пари со спогодба на своите поранешни цимери од студентските години кои планираа да го дадат на суд бидејќи Зукерберг им ја украл идејата.

ReadWriteWeb во извонредниот текст на сајтот
пишува за идејата која го поттикнала Зукерберг да ја направи друштвената мрежа.

Идејата за Facebook дошла од студентско табло, поточно од книга со фотографии од студентите на Phillips Exeter Academy, американска приватна академија, во кој Марк Зукерберг ги поминал своите бруцошки години од 2000 до 2002. Книгата со фотографија која ја добивал секој студент се викала „The Photo Address Book“, но поради долгото име студентите ја викале кратко „Тhe Facebook“.

{mosimage}

Во книгата ги имало сите информации за студентите. Година на студии, телефон, адреса, во која соба се сместени…. сите потребни информации за студентите да можат да контактираат.

Додека Зукерберг бил во втора година, студентскиот сојуз на Exeter побарал книгата да се најде на интернет. Еве како изгледал оригиналниот Facebook (сликата е постирана од Facebook групата Exonians уште во 2006, и сеуште е таму)

{mosimage}

Зукерберг подоцна ja искористил истата таа идеја за да ја создаде друштвената мрежа TheFacebook, чија првична верзија изгледала вака:

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments