Иновативна и со виртуелна реалност… да, да, зборуваме за македонска игра

во ИТ.МК, Софтвер

Interns in Spaaace е видеоигра која тимот на Dark-1 ја изработи на годинeшниот 3Djam, во организација на Motion Leap. Играта изгледа одлично и е една од ретките игри со виртуелна реалност кои излегуваат од регионот. Dark-1 е тим на Кристијан Трајковски, Марко Зарев, Филип Чаушидис и Симон Стојановски, кои последниве години се истакнуваат како иноватори на македонската гејминг сцена. Дечките се организатори на неколку забавни гејминг настани, но и победници на регионални хакатони. Сепак, последнава игра е можеби нивното најзабавно достигнување бидејќи претставија игра со нов концепт како што можеби не сте виделе до сега.

„Ова ни е трета VR игра што ја имаме направено, имаме уште две направено за Cardboard VR. Oculus е многу слично со Cardboard, со разликата што има малку подобар tracking и поради тоа што работи на графичка може да се направат подобри графичко-интензивни искуства,“ вели Кристијан.

Interns in Spaaace е VR игра во која учествуваат двајца астронаути кои соработуваат за да ги надминат предизвиците на вселенската станица. Во текот на играњето, со помош на виртуелната реалност и Oculus, треба да се надминат куп проблеми и да се решат разни сложувалки без притоа да ја уништат станицата. Играта е асиметрична, па двајцата играчи иако меѓусебно си помагаат, немаат иста улога. Во текот на играњето еден играч е во улога на астронаут и ги решава проблемите, а другиот му помага од командната станица.

Контролите во Interns in Spaaace се со Motion Leap, а за играње е потребен и VR уред. Гласањето за Community награди на 3Djam е во тек, а останатите фантастични VR игри кои се креираат на гејмџемот може да ги видите на Itch.io.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk