BlackBerry се повлече од Пакистан бидејќи власта сака backdoor пристап

во Мобилни, Свет

Иако BlackBerry е во гуша со проблеми – од најреномиран производител пред десет години до анонимен телефон со 0,5 отсто до глобалниот пазар, сепак канадската компанија се одлучи да си излезе од пазар кој е важен за нea. Можеби тоа беше направено како демонстрација дека компанијата која се гордее со својата безбедност, ќе си ги испочитува принципите и ќе ги заштити корисниците.

BlackBerry објави дека се повлекува од Пакистан со објаснување дека пакистанските власти барале непречен (backdoor) пристап до имејлите и разговорите на корисниците на BlackBerry Enterprise Service во оваа држава. Иако компанијата можеше да преговара за да ги задржи своите 5.000 бизнис корисници во Пакистан, се одлучија во целост да се повлечат од пазарот. Компанијата излезе со објаснување дека не сакаше да направи компромис помеѓу профит и безбедноста на корисниците.

„Останувањето во Пакистан ќе значеше дека се откажуваме од определбата на корисниците да им го обезбедиме правото за заштита на приватност, а на ваков компромис не сме подготвени,“ вели Марти Беард, директор на BlackBerry.

Иако рокот за повлекување беше до крајот на ноември, повлекувањето е одложено за еден месец до крајот на декември. Барањето до BlackBerry е поднесено во јули, а иако BlackBerry беше подготвен да сподели дел од податоците кои Пакистан ќе ги побара со судски налог, отворена врата за властите се чини дека беше премногу.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk