1 коментар 2 мин. читање 30 ноември, 2015

ИТ настан: Предавања за Docker, Apache Spark и сервисно ориентирана архитектура

Muffin Skopje е нова конференција која ја организира Musala Softwere Skopje, која се фокусира на малку потехнички теми, но доста важни во ИТ индустријата. „Целта на Muffin Conference е да се поттикне развивањето на ИТ општеството во Македонија. Нашите експерти сакаат да пренесат дел од својата експертиза од долгогодишната работа во индустријата, и со тоа да придонесат кон нејзиното развивање“, велат од Musala. Musala e бугарска софтверска компанија која од неодамна отвори канцеларии во Скопје.

Предавачи на конференцијата ќе бидат Петјо Димитров и Мартин Ахчиев, кои ќе оддржат предавања за Java Enterprise и Docker; за Apache Spark за обработка на големи количества податоци, со поддршка на Java, Scala и Python API-ја; и за сервисна ориентирана архитектура со IBM SOA стакови.

Muffin Skopje е конференција отворена за сите заинтересирани, но потребно е да се регистрирате. Закажана е за 5-ти декември во Холидеј Ин во Скопје.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top