Интернетот и друштвените медиуми само за избори

Друштвените мрежи се полесен начин да се остане во контакт со граѓаните, да се споделат идеи и да се реaлизираат за подобро општество. Тоа го сфатија oколу 57 отсто од кандидатите за градоначалници на локалните избори 2013 година, кои отворија свои друштвени профили. Скоро сите од нив имаат свој Facebook профил, а некои и по повеќе. Но, речиси половина (43 отсто) од кандидатите немаат ниту друштвен профил, ниту веб сајт, се вели во анализата „Интернет-присуство на кандидатите за градоначалници во време на изборниот процес – Локални избори 2013“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС).

Целта на анализата направена со 75 градоначалници од 14 општини (околу 350 се натпреваруваат на изборите), е да се покаже „дали, на кој начин и во која мера се употребуваат овие комуникациски канали, односно дали се користи можноста што ја дава интернет просторот“. Сепак, интернет присуството не значи и дигитално активни политичари. Тоа што недостасува во овие друштвени интеракции меѓу политичарите и граѓаните, е континуитетот на комуникацијата. За жал, македонските политичари ги користат друштвените мрежи само пред избори кога треба да се добие некој глас повеќе.

„Можностите кои ги нуди интернет просторот се користат само во период на избори, а истото важи и за градењето на заедници на социјалните медиуми. Поголемиот дел од профилите на социјалните медиуми се креирани непосредно пред изборите. Просечна старост на профил на интернет-страниците е 0,65 години, на Фејсбук е 1 година, на Твитер е 0,75 години, а на Јутјуб е 0,2 години.“, се заклучува во истражувањето.

Сите сме на Facebook!

Facebook е најкористената платформа, што е и разбирливо ако се знае дека има над 900.000 македонски профили на мрежата. Некои кандидати имаат дури и неколку профили за пренсеување на политичката програма. Twitter го користат 32 отсто од кандидатите, YouTube користат 23 отсто, а има и 16 отсто и на платформата за фотографии Flickr. Кај три кандидати е забележано користење на Google+, Instagram и Blog. Но, никој од кандидатите нема истакнато свој профил на бизнис мрежата LinkedIn.

Интересно кандидатите ги преферираат друштвените мрежи пред веб сајтови. Само 31 отсто од тие што се на интернет имаат свој сајт. За жал сите анализирани веб сајтови се еднојазични, и се користат само два јазика: македонски кај 87 отсто, односно албански кај 13 отсто од сајтовите. Околу 43 отсто од кандидатите немаат ни друштвен профил, ни веб сајт.

Анализата е дел од проектот „Мојот избор“, што го спроведуваат МЦМС и ИДСДЦ. Проектот вклучува истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk