4 коментари 1 мин. читање

Со Google Images сега може да пребарувате GIF-ови и транспарентни фотографии

GIF-овите земаат се поголем замав во денешно време, па дури и цели приказни се креираат со нивна помош. Доколку сте љубител на gif анимациите и имате потреба од некоја, отсега па натаму Google ќе ви ја олесни работата во пронаоѓањето на кретивни анимирани фотографии.

Google на својата друштвена мрежа објави дека од денес ќе можеме полесно да пронаоѓаме GIF-ови и транспарентни фотографии. Сето тоа е овозможено со опцијата за филтрирање која се отвора преку Search Tools и од Any Type изберете Animated или каква и фотографија да барате.

Доколку пак сакате да пребарувате транспарентни фотографии, од менито Any Color изберете Transparent.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top